Шефот на италијанската мафија, кој минатата година побегна од затвор со максимално обезбедување користејќи чаршави за да се симне по ѕидовите, е фатен во Франција, соопштија властите. Марко Радуано, 40-годишниот шеф на мафијата Гаргано во јужниот италијански регион Пуља, беше фатен во четвртокот пред луксузен ресторан во Бастија, Корзика, каде што вечерал со придружничка.
Тој беше уапсен од истата антимафијашка единица која го фати Матео Месина Денаро, уште еден криминален бос кој помина речиси три децении во бегство. Радуона е на листата 10 најопасни бегалци на Европол.
Уапсен е и неговата десна рака, Џанлуиџи Тројано, кој побегна од домашен притвор во 2021а, откако ја откачи електронската нараквица. Тој беше уапсен во четвртокот во Гранада, Шпанија додека земал пратка од сервис.
Бегството на Радуано со врзување чаршави низ неговиот затворски прозорец пред нешто помалку од една година беше снимено на надзорните камери на затворот. Бегството траело 16 секунди, а тој побегнал пеш без чувари да забележат или да покренат потера, што доведе до внатрешна истрага во затворот со максимална безбедност. Кога избега, Радуано отслужуваше 24-годишна затворска казна за трговија со дрога, а беше осуден на доживотен затвор во отсуство по неговото бегство за поттикнување на убиството на мафијашот Омар Трот во бар во Виесте, Италија во 2017.