МАФИЈАТА УКРАЛА МИЛИОНИ ЕВРА ОД ФОНДОВИТЕ ЗА БЕГАЛЦИ, УАПСЕНИ 68-МИНА ВО ИТАЛИЈА

    МАФИЈАТА УКРАЛА МИЛИОНИ ЕВРА ОД ФОНДОВИТЕ ЗА БЕГАЛЦИ, УАПСЕНИ 68-МИНА ВО ИТАЛИЈА„Прифатниот центар и ‘Милост’ беа банкомати на мафијата", рече полицијата за проневерата на 36 милиони евра државни пари наменети за еден од најголемите прифатни центри за мигранти во Италија; - бегалски брод на италијанскиот брег (Фото: АП)

    Италијанската полиција вчера уапси 68 лица, меѓу кои и еден свештеник и лидерот на католичката волонтерска група „Милост“, обвинувајќи ги дека се во дослух со голем мафијашки клан кој проневери милиони евра од јавните фондови наменети за еден од најголемите прифатни центи за мигранти во Италија.

    Кога денеска ги објави апсењата, полицискиот генерал Џузепе Говернале за измамата рече: „Прифатниот центар и ‘Милост’ беа банкомати на мафијата”.

    Инспекторите велат дека кланот Арена на калабриската мафија ‘Ндрангета го презела одржувањето на центарот за мигранти во Кротоне во изминатава деценија, делумно благодарение на своите врски со „Милост” и нејзиниот претседател Леонардо Сако. Сако е добро поврзан Ииталијанец, а неговото апсење има и политички импликации со оглед на бројот на политичарите – па дури и папата Фрањо – кои биле фотографирани со него.

    Инспекторите велат „Милост” земал како подизведувачи на угостителски услуги компании што се раководени од кланот Арена, кој наводно се офајдил со 36 милиони евра од 103 милиони евра во јавните фондови наменети за заштита на мигранти од 2006-2015.

    Дел од измамата се и плаќање за повеќе оброци отколку што всушност биле предвидени, а потоа со тие пари се купувале недвижен имот, скапи автомобили и луксузни бродови, рече обвинителот.

    Полицијата соопшти дека свештеникот Едоардо Скордио, парохиски свештеник поврзан со „Милост”, беше „организатор на вистински систем на злоупотреба на јавните фондови наменети за итни случаи за мигранти”. Скордио во 2007 присвоил 132.000 евра за своите духовни услуги што им ги нудел на бегалцита, соопшти полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира