МАЈКАТА И СЕСТРАТА НА МАРАЈА КЕРИ ПОЧИНАА ВО ИСТ ДЕН ВИКЕНДОВ

    МАЈКАТА И СЕСТРАТА НА МАРАЈА КЕРИ ПОЧИНАА ВО ИСТ ДЕН ВИКЕНДОВВо своите мемоари од 2020, Мараја Кери изнесе детали за комплицираниот однос со мајка ѝ Патриша (Фото: Инстаграм)

    Мајката и сестрата на Мараја Кери починале во ист ден изминатиот викенд, објави американската пејачка.

    Срцето ми е скршено зашто ја изгубив мајка ми овој викенд. За жал, во трагичен развој на настаните, и мојата сестра почина истиот ден“, кажа Кери, без да ги наведе причините за смртта.

    Патриша Кери (87) беше поранешна оперска пејачка и гласовен тренер од ирско-американско потекло. Во своите мемоари од 2020, Мараја Кери изнесе детали за комплицираниот однос со мајка ѝ, велејќи дека тоа ѝ предизвикало многу болка и конфузија. Таа кажа дека помеѓу нив имало натпревар и професионална љубомора, но исто така никогаш не криеше дека мајка ѝ била таа која ја вовела во светот на музиката.

    Кери исто така имала сложен однос со сестра ѝ Алисон, која почина на 63 години. Во истата книга, Кери напиша дека била оттуѓена од Алисон и нивниот брат Морган, велејќи дека било емотивно и физички подобро за неа да нема контакт со нив. Алисон ја тужеше Кери по излегувањето на мемоарите и бараше обесштетување од 1,2 милиони долари.

    Нивниот татко Алфред почина во 2002 на 72 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира