МАЈОРКА И ИБИЦА ГИ ЗГОЛЕМИЈА ОГРАНИЧУВАЊАТА ЗА АЛКОХОЛ И ЗА БРОДОВИТЕ ЗА ЗАБАВИ

    МАЈОРКА И ИБИЦА ГИ ЗГОЛЕМИЈА ОГРАНИЧУВАЊАТА ЗА АЛКОХОЛ И ЗА БРОДОВИТЕ ЗА ЗАБАВИМајорка е популарна дестинација за туристи од Британија и Германија. (Фото: Гети)

    Шпанските Балеарски Острови ги прошируваат ограничувањата за пиење на улица и дополнително ги ограничуваат бродовите за забави, како обид да ги спречат забавите со алкохол во туристичките области. Владата вели дека заострувањето на законот донесен во 2020 ќе се однесува на популарните места, меѓу кои и Плаја де Палма и Магалуф во Мајорка и Сант Антони на Ибица.

    Лицата кои ќе бидат фатени како пијат надвор од одобрените области ќе бидат казнети од 500 до 1.500 евра. Новите законски мерки стапуваат на сила денес.

    Законодавството воведува построги правила против бродовите за забави, на кои ќе им биде забрането да се приближуваат поблиску од 1.8 километри од назначените области. Ќе продолжи да се забранува преземање или симнување на патници. На бродовите за забави им беше забрането да се рекламираат во трите области.

    Според Луис Помар, портапрол во Советот за туризам на Балеарските Острови, законот од 2020 придонел за спречување на антисоцијалното однесување. Тој додаде дека се надева оти законот повеќе нема да биде потребен „за три до четири години, ако им всадиме во свеста на луѓето како да се однесуваат“.

    До 16 милиони евра ќе бидат потрошени за подобрување на областите во кои има најмногу туризам.

    Областите за кои се применува законот се изменети на барање на локалните власти, соопштија Балеарските Острови.

    Помар рече дека Комисијата за промоција на учтивост во туристичките зони ќе биде проширена за да вклучи претставници на земјите чии туристи се најмногу поврзани со проблемите, како Велика Британија и Германија.

    Владата повтори дека законот од 2020 им забранува на продавниците да продаваат алкохол помеѓу 21:30 и 08:00 часот по локално време. Во времето на воведувањето на законот од 2020, регионалната влада рече дека е прва во Европа што ја ограничила промоцијата и продажбата на алкохол во одредени туристички зони.

    Иако некои локални жители се пожалија дека законот ќе им наштети на бизнисите, владата вели дека новите мерки „ќе се борат против инцидентите“ и „ќе предизвикаат вистинска промена во туристичкиот модел на тие дестинации“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира