МАКРОН ЕВАКУИРАН ОД ПАРИСКИ ТЕАТАР ОТКАКО ДЕМОНСТРАНТИ СЕ ОБИДОА ДА ВЛЕЗАТ ВНАТРЕ

    МАКРОН ЕВАКУИРАН ОД ПАРИСКИ ТЕАТАР ОТКАКО ДЕМОНСТРАНТИ СЕ ОБИДОА ДА ВЛЕЗАТ ВНАТРЕНеколкумина демонстранти успеале да влезат внатре, но по кратко време биле извлечени надвор од полицијата (Фото: АФП)

    Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит биле евакуирани од париски театар откако десетици демонстранти се обиделе да влезат внатре.

    Претседателската палата го потврди инцидентот, додека видеоснимките покажаа турканици на полицијата со демонстрантите пред зградата на театарот „Буфе ду Норд“. Неколкумина од нив успеале да влезат внатре, но по кратко време биле извлечени надвор од полицијата.

    Демонстрантите го повикуваа Макрон да излезе надвор на последниот од серија протести против неговите планови за реформа на пензискиот систем, кои траат повеќе од еден месец.

    Агенцијата АФП објави дека Макрон и неговата сопруга биле сместени на сигурно на неколку минути, по што се вратиле и ја догледале претставата „Мува“. Според весникот „Фигаро“, полицијата повикала засилување за да ги потисне демонстрантите по завршувањето на претставата и ги придружувала сопружниците Макрон до дома.

    Протестите кои се одржуваат низ Франција досега предизвикаа големи прекини во сообраќајот, затворање на училишта и проблеми во снабдувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира