МАКРОН ЈА ДОБИ ПРВАТА БИТКА СО ЛЕ ПЕН, ГЛАСОВИТЕ ЗА ЛЕВИЧАРОТ МЕЛЕНШОН БИ МОЖЕЛЕ ДА ГИ РЕШАТ ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА

    МАКРОН ЈА ДОБИ ПРВАТА БИТКА СО ЛЕ ПЕН, ГЛАСОВИТЕ ЗА ЛЕВИЧАРОТ МЕЛЕНШОН БИ МОЖЕЛЕ ДА ГИ РЕШАТ ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈАЖан-Лик Меленшон не му даде директна поддршка на Макрон (Фото: АП)

    Емануел Макрон изјави дека ништо не е решено откако победи во првиот круг од претседателските избори во Франција, додека Марин Ле Пен ги повика сите кои не гласале за него да ѝ се придружат во вториот круг, закажан за 24 април. По 97% избројани гласови, актуелниот претседател има освоено 27,6%, а екстремната десничарка 23,41%. На третото место е ветеранот на крајната левица Жан-Лик Меленшон со 21,95% освоени гласови.

    Иако Макрон победи со солидна предност, анкетите сугерираат далеку понеизвесен втор круг. Меленшон оствари далеку подобар резултат отколку пред пет години и неговите гласови би можеле да го решат исходот на изборите.

    „Не смеете да ѝ дадете ниеден глас на Ле Пен“, им порача Меленшон на своите гласачи, додека истовремено не го поддржа ни Макрон.

    Од 12-те кандидати, само тројца освоија над 10% гласови, а особено тежок пораз доживеаја некогаш владејачките Социјалисти и Републиканци. Ле Пен може да ги очекува гласовите на четвртопласираниот националист Ерик Земур, за кого гласаа 7% избирачи.

    Повеќе фокусирајќи се на војната во Украина, Макрон ја почна кампањата само осум дена пред изборите.

    „Ветувам дека ќе работам повеќе отколку во првиот дел од кампањата. Кога гледате колку екстремната десница во сите форми е застапена во земјата, знаете дека работите не одат добро“, кажа Макрон.

    Ле Пен изјави дека е време за големи промени и вети дека ќе ја врати земјата во ред.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира