МАКРОН ЈА СТАВИ ФРАНЦИЈА ВО КАРАНТИН И НАЈАВИ ЗАТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

    МАКРОН ЈА СТАВИ ФРАНЦИЈА ВО КАРАНТИН И НАЈАВИ ЗАТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈАНие сме во војна, кажа Макрон (Фото: АФП)

    Франција од утре напладне ќе биде во национален карантин, објави претседателот Емануел Макрон во вечерашното обраќање од Елисејската палата. На сите жители ќе им биде наредено да останат дома и ќе можат да излезат надвор само од суштински причини.

    „Движењето ќе биде сериозно ограничено. Ние сме во војна, не против друга држава, туку против вирус“, кажа Макрон.

    Во Франција досега има 5.423 заразени и 127 починати.

    Макрон кажа дека и Европската Унија утре целосно ќе ги затвори своите надворешни граници, на што треба и формално да се согласат сите 27 земји членки.

    „Сите патувања меѓу неевропските земји и Европската Унија ќе бидат суспендирани на 30 дена“, кажа тој.

    Само ден по одржувањето на локалните избори, Макрон кажа дека вториот круг е одложен.

     

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари