МАКРОН ОДБИЛ РУСИТЕ ДА ГО ТЕСТИРААТ ЗА КОВИД-19 ЗА ДА НЕ ДОБИЈАТ НЕГОВА ДНК

    МАКРОН ОДБИЛ РУСИТЕ ДА ГО ТЕСТИРААТ ЗА КОВИД-19 ЗА ДА НЕ ДОБИЈАТ НЕГОВА ДНКПутин и Макрон разговораа за Украина седејќи на четири метри долга маса (Фото: АП)

    Емануел Макрон го одбил барањето на Кремљ да му се направи руски тест за ковид-19 пред неодамнешната средба со Владимир Путин во Москва, со цел да се спречи Русија да добие ДНК примерок од францускиот претседател, открија два извора од неговата придружба. Како резултат на тоа, Макрон постојано бил на големо растојание од Путин за време на неколкучасовните разговори за кризата околу Украина.

    Четири метри долгата маса на чии краеви седеа двајцата лидери привлече големо внимание, при што некои аналитичари коментираа дека Путин на тој начин сакал да испрати дипломатска порака. Два извора упатени во здравствениот протокол на Макрон кажаа дека на него му бил понуден избор: или руските власти да му направат ПЦР тест за да може да му се доближи на Путин или цело време ќе мора да држи построга социјална дистанца.

    „Добро знаевме дека тоа значи дека ќе нема ракување и дека ќе седат на долга маса. Но, не можевме да дозволиме тие да имаат пристап до ДНК на претседателот“, изјави еден од изворите.

    Тие додаваат дека Макрон прво направил ПЦР тест во Франција, а потоа негов лекар му направил и брз тест по доаѓањето во Русија.

    Путин вчера се сретна со казахстанскиот претседател Токаев, при што се поздравија и седеа блиску еден до друг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира