МАКРОН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

    МАКРОН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСМакрон ќе биде во изолација во наредните седум дена (Фото: АП)

    Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на коронавирус и ќе оди во изолација, објави Елисејската палата.

    „Тој се тестираше набргу откако му се појавија први симптоми. Тој ќе продолжи да работи и да ги извршува своите обврски од дистанца“, соопштија од претседателската резиденција.

    Макрон ќе ги помине наредните седум дена во изолација.

    Четириесет и двегодишниот Макрон е последниот светски лидер кој имаше позитивен тест за коронавирус. Борис Џонсон и Доналд Трамп поминаа неколку дена во болница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира