МАКРОН, ШОЛЦ И ДРАГИ ДОЈДОА СО ВОЗ ВО КИЕВ НАСПРОТИ КРИТИКИТЕ ДЕКА НЕ ЈА ПОДДРЖУВААТ УКРАИНА ДОВОЛНО

    МАКРОН, ШОЛЦ И ДРАГИ ДОЈДОА СО ВОЗ ВО КИЕВ НАСПРОТИ КРИТИКИТЕ ДЕКА НЕ ЈА ПОДДРЖУВААТ УКРАИНА ДОВОЛНОПосетата на Драги, Макрон и Шолц доаѓа пред самитот на ЕУ (Фото: АП)

    Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги пристигнаа во Киев откако тргнаа на заедничко патување со воз, со цел да ја покажат својата поддршка за Украина. Посетата, која се организираше со недели, има за цел да ги надмине критиките на Киев за нивниот одговор на војната.

    Ова е важен момент. Со ова им испраќаме порака на единство на Украинците“, кажа Макрон по доаѓањето во Киев.

    Запрашани зошто посетата се случува сега, од Елисејската палата кажаа дека тие заклучиле дека е најдобро да се одржи пред самитот на ЕУ, најавен за 23 и 24 јуни, на кој ќе се расправа за барањето на Украина за прием во блокот. Се очекува Европската комисија утре да донесе препорака на Украина да ѝ се додели кандидатски статус.

    Мора да се пронајде баланс помеѓу природните аспирации на Украина да се придружи на ЕУ и вниманието кон сите оние земји кои веќе имаат кандидатски статус и се заглавени во преговарачкиот процес“, кажаа од Елисејската палата.

    При вчерашното гостување во Романија, Макрон изјави дека е време Европа да ја увери Украина за нејзините ЕУ-амбиции.

    Се наоѓаме во точка кога како Европејци мора да испратиме јасни политички сигнали до Украина и Украинците додека така херојски се борат“, кажа тој.

    Киев ги обвини Франција, Германија и, во помал обем, Италија дека се бавни во поддржувањето на Украина, особено во испораките на оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира