МАКРОН УДРЕН СО ШЛАКАНИЦА, ДВАЈЦА УАПСЕНИ

    МАКРОН УДРЕН СО ШЛАКАНИЦА, ДВАЈЦА УАПСЕНИМакрон се приближува до ограда зад која стојат луѓе, кога еден од присутните го фати за рака и потоа му удри шлаканица. (Фото: Твитер/принтскрин)

    Францускиот претседател Емануел Макрон беше удрен по лицето од маж за време на официјална посета на Дром, регион во југоисточна Франција.

    Според видеото кое се рашири на социјалните мрежи, Макрон се приближува до ограда зад која стојат луѓе, кога еден од присутните го фати за рака и потоа му удри шлаканица.

    Обезбедувањето веднаш го тргна Макрон настрана, а двајца се уапсени во врска со инцидентот, според француските медиуми. Кога човекот му удри шлаканица на францускиот претседател, се слушна извик „Долу Макронизмот’.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира