МАКРОН ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ЈА ОБНОВИ НОТР ДАМ ЗА ПЕТ ГОДИНИ, ЕКСПЕРТИТЕ ВЕЛАТ ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ ДЕЦЕНИИ

    МАКРОН ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ЈА ОБНОВИ НОТР ДАМ ЗА ПЕТ ГОДИНИ, ЕКСПЕРТИТЕ ВЕЛАТ ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ ДЕЦЕНИИОфицијални лица велат дека само минути ја делеа катедралата од целосно уништување (Фото: УПИ)

    Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека катедралата Нотр Дам ќе биде уште поубава откако повторно ќе се изгради и дека сака работите да бидат готови за пет години.

    Еден од симболите на Париз, стар 850 години, остана без покривот и една од кулите во завчерашниот катастрофален пожар и официјални лица велат дека само минути ја делеа катедралата од целосно уништување.

    Наспроти ветувањето на Макрон, експертите велат дека реконструкцијата би можела да трае со децении.

    Педесет луѓе се вклучени во истрагата за пожарот. Парискиот јавен обвинител Реми Хајц изјави дека нема индикации дека пожарот е подметнат и тој се третира како инцидент. Неколку поединци и големи компании ветија дека ќе донираат 800 милиони евра за обновата.

    Во своето телевизиско обраќање, Макрон кажа дека сака Нотр Дам да биде обновена до Летните олимписки игри во Париз во 2024 година.

    „Нотр Дам ќе биде уште поубава по обновата и сакам тоа да биде завршено за пет години. Ние го можеме тоа. Оваа катастрофа треба да нè зближи. Наша задача е ова да го претвориме во национален проект“, изјави Макрон.

    Експертите сè уште немаат пристап до катедралата за да ја испитаат штетата. Заменик министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез кажа дека структурата е во добра состојба, но се откриени некои ранливи места.

    „Структурата сосе двете кули беа спасени во клучен временски период од 15-30 минути“, кажа Нуњез.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира