МАЛОЛЕТНИОТ НАПАЃАЧ ПРЕД ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД БИЛ ДЕПОРТИРАН ВО СРБИЈА ВО ЈУЛИ ОТКАКО ПЛАНИРАЛ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО МИНХЕН

    МАЛОЛЕТНИОТ НАПАЃАЧ ПРЕД ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД БИЛ ДЕПОРТИРАН ВО СРБИЈА ВО ЈУЛИ ОТКАКО ПЛАНИРАЛ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО МИНХЕНМинистерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ го опиша инцидентот како терористички напад (Фото: Н1)

    Малолетникот кој ноќеска беше убиен пред израелската амбасада во Белград по напад врз припадник на жандармеријата бил роден во околината на Шабац, а во мај годинава бил уапсен во Минхен под сомнение дека таму подготвувал терористички чин, објави „Н1“, повикувајќи се на извори од српската полиција. Тој бил депортиран во Србија во јули.

    Германските власти детално го испрашувале малолетникот, кој им опишал како следел содржини на интернет за исламски фундаментализам и терористички организации како што се Ал Каеда и Исламска држава. Откако стапил во контакт со непознато лице во Германија, тој почнал да планира напад врз еврејската заедница во Минхен.

    Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ го опиша инцидентот како терористички напад и наложи нивото на закана од тероризам да се крене на највисоко ниво. Тој додаде дека припадникот на жандармеријата го убил напаѓачот во самоодбрана, но и самиот бил полесно повреден, добивајќи исеченица од ножот.

    Инцидентот се случил 15 минути по полноќ во белградската населба Дедиње. Дачиќ кажа дека напаѓачот веќе бил следен од безбедносните служби и дека бил приврзаник на Исламска држава.

    Сличен напад се случи во јуни 2024, кога Милош Жујовиќ од Младеновац со самострел рани полицаец пред израелската амбасада. Полицаецот го застрела Жујовиќ, кој подоцна им подлегна на повредите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира