МАЛТА ПОКРЕНА ИСТРАГА ОТКАКО ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ СТАНА АДВОКАТ НА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА НОВИНАРКАТА ГАЛИЦИЈА

    МАЛТА ПОКРЕНА ИСТРАГА ОТКАКО ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ СТАНА АДВОКАТ НА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА НОВИНАРКАТА ГАЛИЦИЈАДафне Карвана Галиција беше убиена во октомври 2017 година (Фото: ДПА)

    Владата на Малта објави дека ќе покрене истрага откако јавен обвинител ја напушти својата работа за да му се придружи на тимот адвокати кои го бранат бизнисменот на кого му се суди за убиството на новинарката Дафне Карвана Галиција.

    Истражувачката новинарка беше убиена во октомври 2017 година од експлозивна направа поставена под нејзиниот автомобил, а како нарачател на убиството е обвинет бизнисменот Јорген Фенех.

    Адвокатот Шарл Мерсиека ѝ се придружи на одбраната на Фенех само ден откако ја напушти работата на јавен обвинител. Владата на Малта го опиша овој потег како нечувствителен, но додаде дека Мерсиека не работел на случајот додека беше јавен обвинител. Таа, сепак, покрена истрага за овој трансфер.

    „Имаме силни сомнежи дека Фенех го ангажирал Мерсиека поради неговиот увид во работата на државниот обвинител“, изјави холандскиот адвокат Питер Омцихт, кој го следи случајот во име на Советот на Европа.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари