МАРИУПОЛ БЕШЕ ПРИМЕР ЗА ПРОСПЕРИТЕТ ВО ДОНБАС ПРЕД РУСКАТА ОПСАДА ДА ГО ПРЕТВОРИ ВО РУИНА

    МАРИУПОЛ БЕШЕ ПРИМЕР ЗА ПРОСПЕРИТЕТ ВО ДОНБАС ПРЕД РУСКАТА ОПСАДА ДА ГО ПРЕТВОРИ ВО РУИНАМариупол беше интензивно бомбардиран речиси два месеца, пред Русија да прогласи победа на 21 април (Фото: АП)

    Во годините пред руската инвазија на Украина, Мариупол минуваше низ голема обнова. Повеќе од 600 милиони долари биле потрошени на патишта, детска болница и паркови со цел да се модернизира градот во кој главно се зборува руски, а индустрискиот гигант „Метинвест“ вложил две милијарди долари во своите две огромни челичарници, од кои „Азовстал“ и натаму ја држат украинските борци.

    По два месеца руска опсада, градот е претворен во руина, а долж улиците се наредени импровизирани гробови. Се верува дека илјадници цивили загинале.

    Мариупол е стратешка добивка за Русија, зашто овозможува копнено поврзување на Крим и отцепените региони во источна Украина. Сепак, интензивните бомбардирања неповратно уништија речиси половина од градот.

    „Сè што беше инвестирано во Мариупол е уништено“, вели украинскиот министер за инфраструктура Олександер Кубраков.

    Градот покрај Азовско Море своевремено бил синоним за постсоветска индустриска деградација и загадување, но тоа се смени по 2014, кога почна конфликтот во источна Украина. Проруските сепаратисти кратко го држеа Мариупол, пред да бидат избркани од украинските сили, со што тој стана најголемиот град во Донбас под контрола на Киев.

    Повеќе од 100.000 жители избегаа во Мариупол од отцепените области, по што градските власти лансираа план за негова обнова, а „Метинвест“ проект за намалување на емисијата на штетни гасови од „Азовстал“ и „Илич“, што беше довршен во 2020.

    „Мариупол беше пример за оживување на Донбас. 90% од градската инфраструктура сега е уништена. Градот кој до неодамна беше толку просперитетен, сега е во руини“, изјави градоначалникот Вадим Бојченко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира