МАСК ГИ ПОВИКА ГЕРМАНЦИТЕ ДА ГЛАСААТ ЗА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ВО ИНТЕРВЈУ СО ЛИДЕРКАТА НА АФД

    МАСК ГИ ПОВИКА ГЕРМАНЦИТЕ ДА ГЛАСААТ ЗА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ВО ИНТЕРВЈУ СО ЛИДЕРКАТА НА АФДМаск кажа дека Алис Вајдел е најдобриот кандидат да ја води Германија (Фото: Гети)

    Илон Маск ги повика Германците да гласаат за крајната десница на претстојните парламентарни избори за време на интервјуто со лидерката на партијата Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел. Во текот на 74-минутниот разговор што се пренесуваше во живо на Икс, тие поминаа низ разни теми, како енергетска политика, германска бирократија, Адолф Хитлер, Марс и значењето на животот.

    Откако му помогна на Доналд Трамп да победи на изборите во САД, најбогатиот човек на светот стана гласен поддржувач на крајната десница во Европа пред изборите во Германија на 23 февруари, каде што АфД се наоѓа на второто место во анкетите.

    Мојата партија е конзервативна и либертаријанска, но популарните медиуми негативно ја означуваат како екстремистичка“, кажа Вајдел.

    Германските власти официјално класифицираа некои делови на АфД како крајнодесничарски екстремисти.

    За време на интервјуто, Вајдел кажа дека Хитлер всушност бил комунист, и покрај неговиот нагласен антикомунистички став.

    Тој не бил конзервативен, туку комунист и социјалист. Тој бил антисемитистички социјалист“, кажа Вајдел.

    Маск и Вајдел се согласија дека Германија ја кочат „луда“ енергетска политика, прекумерна бирократија и неконтролирана имиграција.

    Луѓето навистина треба да застанат зад АфД, инаку ќе стане многу, многу полошо во Германија. Мислам дека Алис Вајдел е многу разумна личност, која не предлага ништо озлогласено. Таа е најдобриот кандидат да ја води Германија“, заклучи Маск, кого германските политичари го обвинија дека им се меша во изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира