МАСК СЕ ОТКАЖА ОД ДОГОВОРОТ ДА ГО КУПИ ТВИТЕР ЗА 44 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    МАСК СЕ ОТКАЖА ОД ДОГОВОРОТ ДА ГО КУПИ ТВИТЕР ЗА 44 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИМаск вели дека се откажал од купувањето бидејќи Твитер не обезбедил доволно информации за лажните профили на социјалната мрежа. (архивска фотографија)

    Милијардерот Илон Маск се откажа од купувањето на Твитер за 44 милијарди долари , тврдејќи дека не бил исполнет договорот. Соопштението е најновиот пресврт во долготрајната сага откако најбогатиот човекот на светот реши да го купи Твитер во април.

    Маск вели дека се откажал од купувањето бидејќи Твитер не обезбедил доволно информации за лажните профили на социјалната мрежа. Од Твитер кажаа дека ќе поведат правна постапка за да се спроведе договорот.

    „Управниот одбор на Твитер е решен да се затвори трансакцијата по цена и услови какви што беа договорени со господинот Маск“, соопшти компанијата.

    Според договорот, Маск треба да плати казна од една милијарда долари ако се откаже од купувањето.

    Во мај, Маск кажа дека договорот е привремено во мирување додека чека податоци за бројот на лажни профили на Твитер. Тој побара докази дека лажните профили се помалку од 5 отсто од вкупниот број корисници.

    Сега, Маск тврди дека Твитер не доставил таква информација.

    „Понекогаш Твитер ги игнорираше барањата на господинот Маск, понекогаш ги одбиваше од неоправдани причини и понекогаш тврдеше дека ги исполнил барањата иако на господинот Маск му доставуваше некомплетни и неупотребливи информации“, кажа адвокатот на Маск.

    Маск верува дека лажните профили се околу 20 отсто од корисниците на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира