МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО ИЗРАЕЛ ОТКАКО НЕТАНЈАХУ ГО СМЕНИ МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА КОЈ СЕ ПОБУНИ ПРОТИВ СУДСКИТЕ РЕФОРМИ

    МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО ИЗРАЕЛ ОТКАКО НЕТАНЈАХУ ГО СМЕНИ МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА КОЈ СЕ ПОБУНИ ПРОТИВ СУДСКИТЕ РЕФОРМИПолицијата и војската употребија водени топови против демонстрантите во Ерусалим и Тел Авив (Фото: АП)

    Десетици илјади Израелци излегоа на улиците откако премиерот Бенјамин Нетанјаху ги смени министерот за одбрана Јоав Галант, набргу откако тој се побуни против контроверзниот план за реформирање на судскиот систем.

    Полицијата и војската употребија водени топови против демонстрантите собрани близу домот на Нетанјаху во Ерусалим. Во Тел Авив, тие повеќе од два часа блокираа важен автопат, пред да бидат избркани од полицијата со водени топови.

    Израелскиот претседател Исак Херцог утрово ја повика владата да запре со најавените реформи, кои, меѓу другото, ѝ даваат целосна контрола врз комитетот кој назначува судии.

    Заради единството на народот, во името на одговорноста, ве повикувам веднаш да го прекинете законодавниот процес“, изјави Херцог.

    САД изразија загриженост за развојот на настаните и повикаа на компромис. Во земјата се планирани штрајкови и протести оваа недела.

    Новите закони исто така ќе им отежнат на судовите да сменат лидер кој се смета за несоодветен за функцијата, што особено ги разлути Израелците, кои веруваат дека ова се прави во интерес на Нетанјаху, кој се соочува со судење за корупција. Нетанјаху вели дека реформите треба да ги спречат судовите во надминувањето на своите овластувања и дека луѓето за нив гласале на последните избори. Тој кажа дека сака реформите да бидат изгласани во парламентот до крајот на неделата.

    Сега веќе бившиот министер Галант зборуваше против реформите во саботата, откривајќи дека припадниците на вооружените сили се лути и разочарани. Нетанјаху потоа кажа дека веќе нема доверба во него.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира