МАЖОТ КОЈ ВИКЕНДОВ ПРЕБЕГНА НАЗАД ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ИМАЛ ТЕЖОК ЖИВОТ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

    МАЖОТ КОЈ ВИКЕНДОВ ПРЕБЕГНА НАЗАД ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ИМАЛ ТЕЖОК ЖИВОТ ВО ЈУЖНА КОРЕЈАДемилитаризираната зона меѓу двете Кореи е една од најутврдените и најчувани области на светот (Фото: АП)

    Мажот кој викендов пребегна од Јужна во Северна Кореја пред една година го направил истото опасно минување во спротивна насока и сега се вратил дома откако не се снашол во новиот живот, објавија официјални лица. Ова ја покрена дебатата како во богатата и демократска Јужна Кореја се третираат пребегнатите лица и дали ја добиваат соодветната поддршка.

    „Пребегнатиот бил во 30-ти години и во Јужна Кореја работел како домар. Може да се каже дека тој бил од ниска класа и заработувал колку да преживее“, кажаа од министерството за обединување.

    Северна Кореја не го коментираше реткиот инцидент, ниту тамошните медиуми известија за него. Не се знае ни дали пребегнатиот е жив зашто Северна Кореја на почетокот на пандемијата воведе политика на пукање на самото место.

    Јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ објави дека полицијата во јуни се посомневала дека тој планира да се врати назад, но ништо не било преземено. Тој наводно малку комуницирал со соседите и ден пред враќањето бил виден како ги фрла сите лични работи.

    До септември, околу 33.800 Севернокорејци успеале да стигнат до јужниот сосед, најчесто преку долго и ризично патување низ Кина. Потврдено е дека од 2012 само 30-ина се вратиле во Северна Кореја, иако властите веруваат дека оваа бројка е поголема.

    Според владини податоци, околу 56% од пребегнатите имаат ниски приходи, а едно истражување од минатиот месец покажа дека 18% сакаат да се вратат во Северна Кореја, најчесто поради носталгија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира