МЕДЛИН МЕКЕН Е МРТВА, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИ ОБВИНИТЕЛИ, ОСОМНИЧЕНИОТ УБИЕЦ Е ВЕЌЕ ВО ЗАТВОР

    МЕДЛИН МЕКЕН Е МРТВА, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИ ОБВИНИТЕЛИ, ОСОМНИЧЕНИОТ УБИЕЦ Е ВЕЌЕ ВО ЗАТВОРЗа убиството на Медлин се сомничи 43-годишен германски педофил (Фото: Гети)

    Медлин Мекен е веројатно мртва, објавија германските обвинители кои го истражуваат нејзиното 13 години старо исчезнување.

    Тие денеска објавија дека 43-годишен Германец, именуван како Кристијан В., е осомничен за убиството на Медлин. Тој од порано се наоѓа во затвор и полицијата ја повика јавноста на помош за конечно да се стави крај на овој случај.

    „Претпоставуваме дека девојчето е мртво. Осомничениот е сексуален предатор кој веќе бил обвинуван за злосторства против девојчиња и веќе служи долга затворска казна“, изјави Ханс Кристијан Волтерс од канцеларијата на јавниот обвинител на Брауншвајг.

    За Кристијан В. се знае дека живеел во Алгарве од 1995 до 2007 година, каде што работел, но и вршел грабежи во хотели и продавал дрога. Се верува дека бил во областа во Португалија каде што Медлин за последен пат била видена додека била на одмор со родителите. Медлин исчезна вечерта на 3 мај 2007, неколку дена пред четвртиот роденден, од апартман во Праја да Луж, додека нејзините родители биле во ресторан со пријатели.

    Застапникот на родителите на Медлин вели дека ова е најјасната трага за случајот во последните 13 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира