МЕЃУ ШЕСТЕ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО СИДНЕЈ Е И ЖЕНА КОЈА ГО ШТИТЕЛА СВОЕТО ДЕВЕТМЕСЕЧНО БЕБЕ

    МЕЃУ ШЕСТЕ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО СИДНЕЈ Е И ЖЕНА КОЈА ГО ШТИТЕЛА СВОЕТО ДЕВЕТМЕСЕЧНО БЕБЕНапаѓачот бил убиен од полицајка која случајно се нашла на местото на настанот (Фото: АП)

    Полицијата на Нов Јужен Велс изјави дека денешниот напад во трговски центар во Сиднеј не е поврзан со тероризам, но засега не го идентификуваше напаѓачот, освен дека има 40 години. Шестмина луѓе се убиени во нападот со нож, додека напаѓачот бил убиен од полицајка која случајно се нашла на местото на настанот.

    Според она што го знаеме за напаѓачот, не веруваме дека тој се водел од некоја идеологија. Веруваме дека делувал сам и веќе нема закана по заедницата“, изјави комесарката на полицијата на Нов Јужен Велс, Карен Веб.

    Четири жени и еден маж беа прогласени за мртви на самото место, додека во болница почина мајката на деветмесечно бебе, кое исто така е повредено и неговата состојба не е позната. Неколкумина сведоци кажаа дека виделе мајка како го држи своето повредено бебе и се обидува да му помогне додека таа значајно крвавела.

    Напаѓачот бил во трговскиот центар, заминал, па се вратил со големо сечило и почнал да ги боде луѓето. Се чини дека жртвите биле случајно избрани“, кажа полицијата, додавајќи дека се повредени осум луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира