MЕЛАНИЈА ТРАМП БАРА 150 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОШТЕТА ОД ВЕСНИК ОТИ ЈА НАРЕКОЛ СКАПА ПРИДРУЖНИЧКА

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Вашингтон,(АП)

    MЕЛАНИЈА ТРАМП БАРА 150 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОШТЕТА ОД ВЕСНИК ОТИ ЈА НАРЕКОЛ СКАПА ПРИДРУЖНИЧКА

    Меланија Трамп ја обнови тужбата за клетва против британскиот весник „Дејли мејл“, овој пат во Њујорк, за тоа дека објавувале гласините дека работела како скапа ескорт девојка.

    Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно имаше покренато тужба против „Мејл Медија Инк“ во Мериленд, но судијата одлучил дека случајот не треба да се поднесе во Мериленд и ја поништил.

    Во тужбата покрената во Њујорк, каде се наоѓа седиштето на компанијата, се бара обесштетување од најмалку 150 милиони долари.

    „Г-ѓа Трамп“, се вели во тужбата, „имаше уникатна можност која се појавува само еднаш во животот, како една многу позната личност, поранешен модел, портпарол на бренд и успешна бизнисменка, да лансира широко основан комерцијален бренд со многу категории на производи, а секоја од категориите би создала бизнис релации со вредност од многу милиони долари, со долгогодишни договори.“

    Меѓу овие категории на производи, вели тужбата во продолжение, би имало облека, накит, бижутерија, производи за нега на коса и парферми.

    Првата дама на САД ја тужела „Мејл Медија Инк“ заедно со блогерот Вебстер Тарпли за објавување на гласини дека работела како ескорт девојка. Трамп поднесе тужба во Мериленд откако Трапли и „Дејли мејл“ издадоа деманти. 

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари