МЕЛОНИ ЌЕ ГИ ЗАДРЖИ ПРИФАТНИТЕ ЦЕНТРИ ЗА МИГРАНТИ ВО АЛБАНИЈА И ПОКРАЈ СУДСКИТЕ ЗАБРАНИ

    МЕЛОНИ ЌЕ ГИ ЗАДРЖИ ПРИФАТНИТЕ ЦЕНТРИ ЗА МИГРАНТИ ВО АЛБАНИЈА И ПОКРАЈ СУДСКИТЕ ЗАБРАНИМелони во јуни ја посети Албанија за да се заблагодари за прифатните центри. (Фото: АНСА)

    Десничарската влада на Италија на чело премиерката Џорџа Мелони има намера да ги задржи нејзините контроверзни прифатни центри за мигранти во Албанија и покрај неколкуте правни порази. Во изјавата по состанокот меѓу Мелони и неколку министри, владата ја потврди својата „цврста намера“ да продолжи да работи на т. н. „иновативни решенија“ за феноменот на миграцијата.

    Италијанските судови двапати ја попречуваа политиката на Мелони во Албанија да се решава за барањата за азил од мигрантите кои го минуваат Средоземното Море. Судиите првично го оправдаа своето отфрлање на мерката врз основа на тоа што мигрантите – кои беа испратени во Албанија откако беа преземени во Медитеранот од италијански бродови – не се од безбедни земји. Мелони потоа одговори со декрет со список од 19 земји кои беа прогласени за безбедни.

    Врховниот суд минатата недела пресуди дека судиите не можат да ја отфрлат политиката на владата за категоризација на одредени земји како безбедни, иако тие можат да ја оспорат одлуката од случај до случај.

    Мелони и и албанскиот премиер Еди Рама во ноември потпишаа петгодишен договор според кој Албанија се согласи секој месец да згрижи до 3.000 мигранти спасени во меѓународните води, додека Италија ги разгледува нивните барања за азил. Бидејќи овие барања вообичаено се разгледуваат еден месец, Албанија би можела да прими околу 36.000 мигранти годишно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира