МЕРКЕЛ И ПУТИН СЕ СОГЛАСИЈА ДЕКА НУКЛЕАРНИОТ ДОГОВОР СО ИРАН МОРА ДА СЕ ЗАЧУВА

    МЕРКЕЛ И ПУТИН СЕ СОГЛАСИЈА ДЕКА НУКЛЕАРНИОТ ДОГОВОР СО ИРАН МОРА ДА СЕ ЗАЧУВАМеркел го посети Путин во Кремљ за првпат од мај 2018 (Фото: РТ)

    Ангела Меркел и Владимир Путин се согласија дека нуклеарниот договор со Иран мора да се зачува по секоја цена зашто е од неверојатно значење.

    Германската канцеларка дојде во првата посета на Кремљ од мај 2018 година и новата ескалација на кризата на Блискиот Исток беше главната тема на разговорите со Путин.

    „Мора да се стори сѐ за да се одржи нуклеарниот договор од 2015 година и за тоа треба да се искористат сите можни дипломатски алатки“, кажа Меркел.

    Иако САД ги повикаа европските земји да излезат од договорот, опишувајќи го како глупав, Берлин и Париз кажаа дека нема да го направат тоа, дури и откако Иран се закани дека по убиството на генералот Солејмани веќе ништо не го спречува да развива нуклеарно оружје.

    „Овој договор е исклучително важен и ние денеска се согласивме дека сите страни треба цврсто да се придржуваат до него. Иако САД се повлекоа од договорот, Иран повторно изрази подготвност целосно да го почитува“, изјави Путин.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира