МЕРКЕЛ МУ ДАДЕ УЛТИМАТУМ НА ЏОНСОН ДА ИЗЛЕЗЕ СО НОВ ПЛАН ЗА БРЕГЗИТ ВО РОК ОД 30 ДЕНА

    МЕРКЕЛ МУ ДАДЕ УЛТИМАТУМ НА ЏОНСОН ДА ИЗЛЕЗЕ СО НОВ ПЛАН ЗА БРЕГЗИТ ВО РОК ОД 30 ДЕНАЏонсон го посети Берлин во обид да издејствува укинување на ирски бекстоп (Фото: Гети)

    Ангела Меркел му постави ултиматум на британскиот премиер Борис Џонсон да излезе со нов план за брегзит во наредните 30 дена.

    На средбата во Берлин, Меркел му порача на Џонсон дека треба да предложи специфични алтернативи за таканаречениот ирски бекстоп, откако тој побара негово целосно укинување, опишувајќи го како антидемократски. Европска Унија претходно ја отфрли можноста за промени во бекстопот и инсистира на повторно воспоставување цврста граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска откако ќе се спроведе брегзит.

    „Договорот не може да помине во парламентот ваков каков што е и затоа нешто мора да се преземе во врска со бекстопот“, изјави Џонсон.

    Џонсон во Берлин беше пречекан од мала група демонстранти кои се противат на излегувањето на Британија од ЕУ.

    „Иако ЕУ е подготвена да најде солуција, нема потреба од повторно отворање преговори. Британија мора да одлучи на кој начин ќе излезе“, кажа Меркел.

    Џонсон утре ќе се сретне со францускиот претседател Макрон, кој исто така порача дека нема место за нови маневри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира