МЕРКЕЛ НАЈАВИ ОЛЕСНУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ ВО ГЕРМАНИЈА

    МЕРКЕЛ НАЈАВИ ОЛЕСНУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ ВО ГЕРМАНИЈАМеркел препорача и натаму да се носи заштитна маска на јавни места (Фото: Гети)

    Ангела Меркел најави дека Германија ќе почне да ги олеснува ограничувањата воведени поради коронавирусот.

    Правилото за социјално дистанцирање останува на сила најмалку до 3 мај, но Меркел препорача и натаму да се носи заштитна маска на јавни места.

    Образовните институции ќе почнат да се отвораат од 4 мај, при што предност ќе имаат студентите кои имаат испити.

    „Со строгите рестриктивни мерки постигнавме кршлив среден успех. Земјата мора да остане фокусирана и да продолжи да функционира, но немаме многу простор за маневри. Карантинот е далеку од завршен“, изјави Меркел.

    Според институтот „Роберт Кох“, во Германија досега има 127.584 заразени и 3.254 починати од КОВИД-19.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира