МЕРКЕЛ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ИЗБРАНА ЗА КАНЦЕЛАР

    МЕРКЕЛ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ИЗБРАНА ЗА КАНЦЕЛАРСвечена заклетва Меркел официјално ќе положи на пладне во официјалната резиденција на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер. (Фото: ДПА)

    Ангела Меркел по четврти пат е избрана за канцелар на Германија од Бундестагот, соопшти долниот дом на парламентот.

    Меркел доби 364 од 688 гласови на тајното гласање, и затоа беше избрана во првиот круг на гласање. Беа потребни најмалку 355 гласа од вкупно 709 членови.

    Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер пред пратениците претходно ја предложи на Меркел за канцелар, која е на чело на најголемата партија во Бундестагот, Христијанско демократската унија (ЦДУ).
    Свечена заклетва Меркел официјално ќе положи на пладне во официјалната резиденција на Штајнмаер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира