МЕРКЕЛ ПОВИКА НА ЗАБРАНА ЗА НОСЕЊЕ БУРКА ВО ГЕРМАНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:34:"Есен,(Индипендент)

    МЕРКЕЛ ПОВИКА НА ЗАБРАНА ЗА НОСЕЊЕ БУРКА ВО ГЕРМАНИЈА

    Ангела Меркел повика на забрана за носење бурка во Германија и кажа дека бегалската криза не смее да се повтори на стартот од нејзината кампања за четврти мандат како германска канцеларка. Во обраќањето пред нејзината конзервативна партија ЦДУ, Меркел кажа дека ќе поддржи забрана за исламски превези со кои се покрива лицето.

    „Целосно покривање на лицето мора да биде забрането, секаде каде е легално изводливо“, порача Меркел пред делегатите во Есен, предизвикувајќи ентузијастички аплауз.

    Томас де Мезие, германскиот министер за внатрешни работи и еден од најблиските соработници на Меркел, предложи делумна забрана за носење бурка во август.

    Меркел рече дека забраната ќе важи на „места каде тоа е неопходно за коегзистенција на нашето општество“, вклучувајќи ги владините канцеларии, училиштата, универзитетите и судниците, како и на протести.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари