МЕРКЕЛ ПРВПАТ ГО ПОСЕТИ АУШВИЦ И ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЖРТВИТЕ

    МЕРКЕЛ ПРВПАТ ГО ПОСЕТИ АУШВИЦ И ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЖРТВИТЕМеркел вети донација од 60 милиони евра за реставрација и заштита на остатоците од кампот (Фото: Ројтерс)

    Ангела Меркел за првпат го посети поранешниот нацистички концентрациски логор во Аушвиц, место на некои од најтешките злосторства на режимот на Адолф Хитлер.

    Германската канцеларка вети донација од 60 милиони евра во фондот за реставрација и заштита на физичките остатоци на кампот, како бараки, кули за надгледување и лични предмети на оние кои умреле таму. Ова се надоврзува на претходната донација на државата од 60 милиони евра, дадена кога фондот беше основан пред една деценија.

    Меркел, која го посетува кампот среде сѐ поизразениот антисемитизам во Германија, беше придружувана од еден од преживеаните затвореници и од полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

    Откако помина низ капијата, Меркел со минута молчење им оддаде почит на жртвите пред таканаречениот Црн ѕид, каде што биле егзекутирани илјадници затвореници, а потоа се упати кон кампот Биркенау, каде што ќе одржи говор.

    Посетата на Меркел се случува во пресрет на одбележувањето на 75-годишнината на ослободувањето на кампот, што се случи на 27 јануари 1945. Во логорот Аушвиц-Биркенау биле убиени 1,1 милион луѓе, најмногу Евреи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира