МЕРКЕЛ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ СО „АСТРАЗЕНЕКА“, НО НЕ САКАШЕ ДА СЕ ФОТОГРАФИРА

    МЕРКЕЛ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ СО „АСТРАЗЕНЕКА“, НО НЕ САКАШЕ ДА СЕ ФОТОГРАФИРАЗа разлика од некои други светски лидери, Меркел не се вакцинираше во живо пред камери (Фото: ДПА)

    Ангела Меркел изјави дека е среќна што ја прими првата доза од вакцината против ковид-19 и ги охрабри и другите да го следат нејзиниот пример. Шеесет и шестгодишната канцеларка се вакцинираше со „АстраЗенека“, која во Германија се препорачува за лицата над 60 години.

    За разлика од некои други светски лидери, Меркел не се вакцинираше во живо пред камери. Нејзиниот портпарол Штефен Зајберт изјави дека нема ниту фотографија од моментот.

    „Среќна сум што денеска ја примив првата доза од вакцината на ‘АстраЗенека‘. Им благодарам на сите кои се вклучени во програмата за имунизација, како и на сите кои се вакцинираат. Вакцинирањето е клучот за надминување на пандемијата“, кажа Меркел.

    Вкупно 18,5% од населението во Германија примиле најмалку една доза досега, со што таа доста заостанува зад Велика Британија, САД и Израел. И германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер претходно се вакцинираше со „АстраЗенека“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира