МЕРЦ ЛУТ ШТО БИВШИОТ КАНЦЕЛАР ШРЕДЕР БИЛ НА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН

    МЕРЦ ЛУТ ШТО БИВШИОТ КАНЦЕЛАР ШРЕДЕР БИЛ НА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИНШредер важи за личен пријател на Путин (Фото: Телеграм)

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц кажа дека е длабоко огорчен што поранешниот канцелар Герхард Шредер присуствувал на прославата на 74. роденден на рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
    Заменик-портпаролот на владата Штефен Мајер изјави дека „единствено Путин е одговорен за војната во Украина“.

    „Секој ден, наредбите на Путин предизвикуваат немерливо страдање, цивилни жртви, раздвојување семејства, смртни случаи и повреди. Во таа смисла, канцеларот смета дека е крајно неморално што Шредер слави заедно со Путин“, рече Мајер.

    Според Кремљ, Шредер му се придружил на Путин во Москва во средата за да го одбележи неговиот 74. роденден.

    Шредер (82), кој беше канцелар од 1998 до 2005 година, важи за личен пријател на Путин и со години се соочува со критики поради тоа блиско пријателство и неговата поврзаност со руски компании. Toj повеќепати се сретнал со Путин откако започна руската војна против Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира