Еден од најфреквентните аеродроми во Шпанија во петокот беше затворен речиси четири часа, откако мигранти се обиделе нелегално да влезат во земјата. Авионот кој летал од Казабланка, Мароко до Истанбул, Турција, бил пренасочен за Палма де Мајорка, откако бил пријавен повик за итна медицинска помош.
Откако авионот слетал, 21 патник побегнал низ пистите, сокривајќи се зад паркирани авиони. Подоцна полицијата успеала да уапси дел, но 12 од од нив до вчера сѐ уште биле во бегство.
Полицијата истражува дали бегството на групата било спонтано или дел од организиран план да емигрираат нелегално. Во бегството вкупно учествувале 24 патници, меѓу кои има и лице уапсено поради агресивно однесување на летот.
Околу 60 домашни и меѓународни летови беа пренасочени или одложени поради инцидентот. Подоцна, летот за Турција продолжил со останатиот дел од патниците.