МИЛИОНЕРОТ НАФТАЛИ БЕНЕТ ЌЕ БИДЕ НОВ ИЗРАЕЛСКИ ПРЕМИЕР ОТКАКО ОСУМ ПАРТИИ ДОГОВОРИЈА КОАЛИЦИЈА ПРОТИВ НЕТАНЈАХУ

    МИЛИОНЕРОТ НАФТАЛИ БЕНЕТ ЌЕ БИДЕ НОВ ИЗРАЕЛСКИ ПРЕМИЕР ОТКАКО ОСУМ ПАРТИИ ДОГОВОРИЈА КОАЛИЦИЈА ПРОТИВ НЕТАНЈАХУБенет важеше за штитеник на Нетанјаху и водеше пет различни министерства во неговите влади (Фото: АП)

    Израел ќе добие нов премиер по 12 години откако израелските опозициски партии договорија формирање на коалициска влада. Јаир Лапид, лидерот на партијата Јеш Атид, објави дека коалицијата ќе ја сочинуваат дури осум партии.

    Според договорот за ротација, премиер во прв период ќе биде лидерот на десничарската партија Јамина, Нафтали Бенет, по што ќе му ја предаде функцијата на Лапид во август 2023 година.

    Лапид изјави дека веќе го информирал претседателот на Израел, Реувен Равлин, дека постигнале договор за коалиција, во која влегува и партијата на израелските Арапи, Рам, што многумина веруваа дека нема да биде возможно.

    „Ветувам дека оваа влада ќе работи во интерес на сите израелски граѓани, и оние кои гласаа за неа и оние кои не гласаа“, изјави Лапид.

    На овој начин завршува ерата на Бенјамин Нетанјаху, најдолговечниот премиер во историјата на Израел. Неговата партија Ликуд освои најмногу пратенички места на изборите во март, но не успеа да формира влада откако го доби мандатот.

    Новиот премиер, 49-годишниот милионер Бенет, важеше за штитеник на Нетанјаху и во периодот од 2013 до 2020 водеше пет различни министерства во неговите влади, последно за одбрана. Во минатото отворено се залагаше за анексија на најголемиот дел од окупираниот Западен Брег и го отфрлаше концептот на палестинска држава.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира