МИЛИОНИ ЛУЃЕ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ВО МОСКВА САМО ЕДЕН ЧОВЕК

    МИЛИОНИ ЛУЃЕ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ВО МОСКВА САМО ЕДЕН ЧОВЕКАршак Макичјан веќе шест месеци е единствен учесник во протестите „Петоците за иднината“ во Москва

    Додека низ цел свет милиони луѓе денеска протестираат против климатски промени, руската престолнина Москва понуди сосема поинаква слика: еден единствен демонстрант во срцето на градот.

    Аршак Макичјан веќе шест месеци ги организира протестите „Петоците за иднината“ и секој пат само тој се појавува. Неговите пријави за групен протест во центарот на Москва постојано се одбиваат од руската влада.

    Тие велат дека можеме да протестираме во парк, но таму и онака никој не оди“, изјави 24-годишниот Макичјан.

    Виолинист по професија, тој вели дека бил инспириран од шведската тинејџерка Грета Тунберг, која и го покренала ова глобално движење на младите, протестирајќи сама пред зградата на шведскиот парламент.

    Мислев дека климатските промени се само наука, но Грета со вистински зборови ни објасни зошто сите треба да бидеме засегнати“.

    Русија е четвртиот најголем загадувач со штетни гасови, по Кина, САД и Индија и сѐ уште не го ратификувала Парискиот климатски договор.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира