Министерот за одбрана Александар Вулин и претседателката на парламентот Нада Гојковиќ објавија дека се позитивни на коронавирус, додека српските медиуми најавуваат дека Александар Вучиќ би можел в понеделник да предложи заострување на мерките.
Во изминатите 24 часа, во Србија се потврдени 227 нови случаи на зараза, а починале две лица, вклучувајќи ја и југословенската фудбалска легенда Илија Петковиќ, кој беше и селектор на репрезентацијата на Србија и Црна Гора.
„Се размислува што понатаму. Вучиќ е подготвен да предложи заострување на мерките. Доколку коронавирусот наскоро не биде ставен под контрола, Вучиќ е подготвен на Кризниот штаб да му предложи повторно воведување на некои од најстрогите мерки“, изјави извор од Кризниот штаб за весникот „Блиц“.
Дали мерките повторно ќе бидат воведени, пресудни ќе бидат бројките од овој викенд.