МИСТЕРИОЗЕН БЛЕСОК ГО ОСВЕТЛИ НЕБОТО НАД КИЕВ, НАСА ПОТВРДИ ДЕКА НЕ Е НЕЈЗИН САТЕЛИТ

    МИСТЕРИОЗЕН БЛЕСОК ГО ОСВЕТЛИ НЕБОТО НАД КИЕВ, НАСА ПОТВРДИ ДЕКА НЕ Е НЕЈЗИН САТЕЛИТУкраинските воздушни сили кажаа дека блесокот можеби се должи на метеорит (Фото: Твитер)

    Мистериозниот блесок што синоќа го осветли небото над Киев покрена бројни шпекулации. Украинските власти прво сметаа дека станува збор за сателитот на НАСА што вчера требаше да падне на Земјата, но оттаму кажаа дека тој и натаму е во орбитата.

    Украинските воздушни сили, пак, кажаа дека блесокот можеби се должи на метеорит, отфрлувајќи ја можноста дека станува збор за уште еден руски напад.

    Силната светлина можеше да се види на небото околу 22 часот по локално време. Беше огласена тревога за воздушен напад, но противвоздушната одбрана не дејствуваше, потврди шефот на киевската воена управа Серхиј Попко.

    Според првичните информации, феноменот е резултат на падот на сателит на НАСА на Земјата“, кажа Попко.

    Американската вселенска агенција пред неколку дена објави дека неупотреблив сателит тежок 300 килограми ќе навлезе во атмосферата в среда. Тој бил лансиран во 2002 и деактивиран во 2018.

    Во моментот на блесокот над Киев, сателитот и натаму беше во орбитата и требаше да влезе во атмосферата во текот на ноќта“, изјави шефот на комуникации во НАСА, Роб Марџета.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира