МЛАДИОТ ЛЕВИЧАР ТОМИСЛАВ ТОМАШЕВИЌ ИЗБРАН ЗА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЗАГРЕБ

    МЛАДИОТ ЛЕВИЧАР ТОМИСЛАВ ТОМАШЕВИЌ ИЗБРАН ЗА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЗАГРЕБТомашевиќ порача дека неговата победа значи дека граѓаните гласале за вистинска промена (Фото: Фејсбук)

    Младиот левичар и активист Томислав Томашевиќ ќе биде нов градоначалник на Загреб откако во вториот круг на локалните избори во Хрватска убедливо го победи пејачот Мирослав Шкоро со над 65% освоени гласови.

    Ова е кулминација на борбата на Томашевиќ за подобар Загреб, која почна во 2010 година, кога преку иницијативата „Право на град“ првпат јавно му се спротивстави на својот претходник Милан Бандиќ, протестирајќи против спорен градежен проект на контроверзниот бизнисмен Томислав Хорватинчиќ.

    „Ви благодарам за довербата, надежта и за истрајноста дека вистинска промена е можна, на јасниот мандат за вистинска промена. Веднаш ќе се види дека правилата еднакво ќе важат за сите и дека веќе нема да има неред и двојни стандарди“, изјави Томашевиќ по победата на изборите.

    Роден во Загреб во 1982, Томашевиќ од средношколските денови бил активен во еколошки акции и иницијативи, по што му се придружил на младинското движење „Зелена акција“, на чие чело бил од 2007 до 2012 година. Откако магистрирал на Кембриџ, се вратил во Хрватска и се вклучил во политичкиот живот на градот преку платформите Загреб е наш! и Можеме!, преку кои првпат се кандидираше за градоначалник во 2017.

    На последните парламентарни избори во Хрватска, Зелено-левата коалиција, чиј дел се и Загреб е наш! и Можеме!, освои седум пратенички места и Томашевиќ стана пратеник.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира