МОСКВА БАРА ОД УКРАИНА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД КРИМ, ДОЊЕЦК И ЛУГАНСК И ДА ПРОГЛАСИ НЕУТРАЛНОСТ

    МОСКВА БАРА ОД УКРАИНА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД КРИМ, ДОЊЕЦК И ЛУГАНСК И ДА ПРОГЛАСИ НЕУТРАЛНОСТРусија вели дека нема други тероторијални претензии кон Украина (Фото: АП)

    Русија ќе ги прекине воените операции во оној момент кога Украина ќе ги исполни нашите барања, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Тој прецизираше дека од Украина се бара да прекине со воената акција, да вгради неутралност во својот устав, да го признае Крим за руска територија и да ги признае народните републики Доњецк и Луганск како независни територии. Ова се најспецифичните услови што Русија ги истакнува откако на 24 февруари го почна она што беше наречено специјална воена операција.

    „Украина е свесна за условите и ѝ беше кажано дека сето ова може да запре моментално. Тие треба да стават амандмани во уставот со кои ќе се одбие приклучување на кој било блок“, кажа Песков.

    Тој додаде дека Русија нема други тероторијални претензии кон Украина.

    „Ние само ја завршуваме демилитаризацијата на Украина. Најважната работа е Украина да запре со воената акција. Мора да го измени уставот и да го признае статусот на Крим, Доњецк и Луганск. И тоа е тоа“.

    Русија ги изнесе своите услови непосредно пред почетокот на третата рунда мировни преговори со Украина, што треба да се одржи денеска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира