МОЖЕБИ ЌЕ МОРА ДА Ѝ ВОВЕДЕМЕ САНКЦИИ НА РУСИЈА, КАЖА ВУЧИЌ

    МОЖЕБИ ЌЕ МОРА ДА Ѝ ВОВЕДЕМЕ САНКЦИИ НА РУСИЈА, КАЖА ВУЧИЌВучиќ кажа дека Србија плаќа цена што не ги вовела санкциите досега (Фото: Танјуг)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во парламентот дека Србија можеби ќе мора да ѝ воведе санкции на Русија.

    Не сум воодушевен со тоа, но не знам уште колку ќе издржиме да не воведеме санкции. Плаќаме цена што не ги воведовме досега, но тоа е прашање на политичкото определување на нашето раководство“, кажа Вучиќ.

    Тој денеска имаше обемно излагање во парламентот за таканаречениот германско-француски предлог за нормализирање на односите со Косово, што беше проследено со тензии и кошкања помеѓу пратениците. Вучиќ нагласи дека ништо не му се допаѓа во предлогот на ЕУ за решавање на косовскиот проблем.

    Ги наведов најлошите детали од договорот за да укажам на тежината на ситуацијата“, кажа Вучиќ.

    Предлогот на ЕУ, што го поддржаа и САД, беше претставен во септември и декември, при што Србија инсистира на формирањето на Заедница на српски општини како клучен услов за продолжување на дијалогот. Вучиќ и денеска не го претстави планот во целост, зашто, како што беше кажано, документот има статус на „нон-пејпер“, па за него не се гласа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира