НА МЕРКЕЛ НЕ Ѝ СЕ БРЗА ДА ЈА ИЗБРКА БРИТАНИЈА ОД ЕУ

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Брисел,(агенции)

    НА МЕРКЕЛ НЕ Ѝ СЕ БРЗА ДА ЈА ИЗБРКА БРИТАНИЈА ОД ЕУ

    Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека лидерите на ЕУ не сакаат да почнат гломазни промени на договорите на блокот, додека се обидуваат да ја осигураат неговата иднина откако Британија изгласа да излезе. По средбата на лидерите на ЕУ земјите без Британија, Меркел рече дека лекцијата од брегзитот не е нужно или поголема интеграција или или враќање поголема моќ на државните влади.
    „Не станува збор за повеќе или помалку Европа како принцип, туку за постигнување подобри резултати“, рече Меркел. Таа додаде дека на пример, борбата против невработеноста на младите може да се состои и од поништување на ЕУ директивите и од продлабочување на европската соработка.
    Меркел рече дека Европа „се соочува со сериозна ситуација“ со тоа што Британија сака да излезе, но додаде дека „Сметаме дека ние 27 земји ќе се справиме со ситуацијата“.
    Лидерите на ЕУ рекоа дека се решени да останат обединети како 27 земји членки, и покрај брегзитот. На самитот денеска во Брисел тие ја предупредија Британија дека ако сака да го ужива единствениот пазар на ЕУ по излегувањето, ќе треба да прифати и дека европските граѓани ќе мора да може да влегуваат во Британија. Претседателот на ЕУ Доналд Туск рече дека брегзитот ги оставил другите земји „апсолутно решени да останат единствени“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари