НА СЕКОИ 4,5 ДЕНА ГИНЕ ПО ЕДЕН НОВИНАР, АЛАРМИРАШЕ УНЕСКО

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Њујорк,(АФП)

    НА СЕКОИ 4,5 ДЕНА ГИНЕ ПО ЕДЕН НОВИНАР, АЛАРМИРАШЕ УНЕСКО

    Еден новинар е убиен секои четири и пол дена, според шокантниот извештај објавен од страна на УНЕСКО денеска. Во текот на последната деценија, 827 новинари биле убиени додека биле на работното место, се вели во извештајот на генералниот директор на УНЕСКО.

    Најтешко погодените области беа арапските држави, вклучувајќи ги Сирија, Ирак, Јемен и Либија. Латинска Америка е следниот најпогоден регион, покажа извештајот Безбедноста на новинарите и опасноста на неказнетост.

    Неизненадувачки, повеќето смртни случаи – 59% во текот на последните две години од извештајот за 2006-2015 се случиле во конфликтните зони.

    Во тој период, 78 од 213 убиени новинари (36,5 %) биле во арапските држави. Можеби најалармантно е зголемувањето на смртните случаи на новинарите во Западна Европа и Северна Америка, од нула убиени во 2014 година до 11 минатата година.

    Извештајот откри дека 10 пати повеќе се убиваат мажи отколку жени – додека телевизиските новинари ги надминале новинарите на печатените медиуми како најранливи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира