НАД 1.200 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ И ЦУНАМИТО ВО ИНДОНЕЗИЈА, ТЕЛАТА НА 34 УЧЕНИЦИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ЦРКВА

    НАД 1.200 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ И ЦУНАМИТО ВО ИНДОНЕЗИЈА, ТЕЛАТА НА 34 УЧЕНИЦИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ЦРКВАВо моментот на уривањето, во хотелот „Роа роа“ во Палу имало 50-ина гости и се трага по нив (Фото: Ројтерс)

    Бројот на загинати во земјотресот и цунамито што го погодија индонезискиот остров Сулавеси во петокот се зголеми на повеќе од 1.200, објави Националната агенција за катастрофи.

    Црвениот крст потврди дека меѓу загинатите се и 34-те ученици, чии тела беа пронајдени затрупани во една црква. Тие биле дел од групата од 86 ученици од еден црковен тренинг центар кои се водат како исчезнати, при што судбината на останатите 52-ца останува непозната.

    „Ситуацијата во регионот е ужасна, бидејќи има огромни наноси од кал. Моравме да пешачиме еден и пол час до црквата и беше многу тешко да се стигне“, изјавија од Црвениот крст.

    Спасувачките екипи трагаат по преживеани и во урнатините на четирикатниот хотел „Роа роа“ во Палу, во кој во тој момент имало околу 50 гости.

    Во исто време, регионот се мачи со недостиг од храна, вода и гориво.

    „Со денови не сме јаделе, само сакаме да бидеме на безбедно“, изјави една жена.

    Иако најголемото внимание е свртено кон Палу, ситуацијата е очајна и во градот Донгала, кој беше најблиску до епицентарот на земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира