НАД 10 МРТВИ И СТОТИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БЕЈРУТ

    НАД 10 МРТВИ И СТОТИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БЕЈРУТОд експлозијата во градското пристаниште имаше потреси низ цел град, од што се скршија прозорци и паднаа балкони од зградите, поради што многумина жители мислеле дека е земјотрес. (Фото: АП)

    Во огромната експлозија блиску до центарот на либанскиот главен град Бејрут загинаа најмалку 10 луѓе, а стотици се повредени, велат властите. Од експлозијата во градското пристаниште имаше потреси низ цел град, од што се скршија прозорци и паднаа балкони од зградите, поради што многумина жители мислеле дека е земјотрес.

    Во областа на градското пристаниште има магацини со експлозиви, објави државната новинска агенција ННА и двајца безбедносни извори, а трет извор од безбедносните структури рече дека во областа се чуваат хемикалии.

    Експлозијата се случува во чувствителен период за Либан, бидејќи неделава треба да биде објавена пресудата за убиството на поранешниот премиер Рафик Харири.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира