НАД 100 КУЌИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ВО НОРВЕШКА, НЕМА ЖРТВИ

    НАД 100 КУЌИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ВО НОРВЕШКА, НЕМА ЖРТВИПолицијата евакуираше 400 луѓе бидејќи пожарот не беше ставен под контрола (Фото: ДПА)

    Повеќе од 100 куќи се уништени во пожар во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, додека пожарникарите се мачат да го локализираат огнот поради силните ветрови. Густ црн чад ја покри областа, која се наоѓа околу 50 километри западно од Осло, но нема извештаи за жртви или исчезнати лица.

    Полицијата евакуираше 400 луѓе бидејќи пожарот не беше ставен под контрола и се ширеше во околната шума. Временските услови, особено ветерот, остануваат клучна грижа, па властите рекоа дека гаснењето ќе трае и денеска.

    Не познато каде и како започнал пожарот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира