НАД 140 ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ЈАПОНИЈА, ДЕСЕТИЦИ СЕ ИСЧЕЗНАТИ

    НАД 140 ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ЈАПОНИЈА, ДЕСЕТИЦИ СЕ ИСЧЕЗНАТИЈапонија ја погодија најсмртоносните поплави во последните 30-ина години (Фото: Гети)

    Најмалку 140 луѓе загинаа во катастрофалните поплави што го погодија западниот дел на Јапонија изминативе денови како последица на обилни врнежи, објави владата.

    Ова се најсмртоносните поплави во Јапонија во последните 30-ина години и десетици луѓе сѐ уште се водат како исчезнати, додека спасувачите продолжуваат да копат низ купишта кал и урнатини, барајќи преживеани.

    За наредните денови е најавено смирување на времето (Фото: АФП)

    Над два милиона луѓе се евакуирани од регионот, откако реките се излеаја од своите корита. Властите ги отворија училиштата и спортските сали за сместување на раселените.

    „Му реков на моето семејство да се подготви за најлошото“, вели 38-годишниот Косуке Кијохара, чија сестра и нејзините два сина се исчезнати.

    Над 70.000 спасувачи, вклучувајќи војници и пожарникари, деноноќно работат на терен и предупредување од поплави сѐ уште е на сила во некои од најтешко погодените области, како Окајама.

    За наредните денови е најавено смирување на времето, што значително ќе помогне во спасувачките напори.

    „Проверуваме секоја куќа, за да видиме дали има заглавени луѓе. Знаеме дека сме во трка со времето и затоа се трудиме најмногу што можеме“, изјави официјално лице од областа Окајама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира