НАД 2.000 ЦИВИЛИ ДОСЕГА ЗАГИНАЛЕ ВО УКРАИНА, А 830.000 ИЗБЕГАЛЕ ВО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ

    НАД 2.000 ЦИВИЛИ ДОСЕГА ЗАГИНАЛЕ ВО УКРАИНА, А 830.000 ИЗБЕГАЛЕ ВО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИПолска досега примила 453.000 украински бегалци (Фото: АП)

    Повеќе од 2.000 цивили загинале од почетокот на руската инвазија пред една недела, објавија украинските власти. Меѓу нив се и десетмина припадници на итните служби.

    „Во првите седум дена од војната, руските трупи уништија стотици транспортни центри, станбени згради, болници и градинки“, велат властите.

    Секојдневно се зголемува и бројот на луѓето кои ги напуштаат своите домови и бегаат во соседните земји. Над 830.000 луѓе досега избегале од Украина, кажаа од Обединетите нации вчера, додека Европската Унија предупреди дека оваа бројка би можела да порасне на четири милиони.

    Полска досега примила 453.000 украински бегалци и владата вели дека секој ден пристигнуваат 50.000 нови. Многумина чекале и до 60 часа за да преминат во Полска, во редици долги 15 километри. Земјата подготви и 1.230 болници за прием на ранети.

    Во Унгарија влегле над 116.000 бегалци, како и илјадници во Молдавија, Словачка, Романија и Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира