НАД 200 РУДАРИ ЗАТРУПАНИ СО КАЛ ЗА ВРЕМЕ НА РУЧЕК ПРИ ПУКАЊЕ НА БРАНА ВО БРАЗИЛ

    НАД 200 РУДАРИ ЗАТРУПАНИ СО КАЛ ЗА ВРЕМЕ НА РУЧЕК ПРИ ПУКАЊЕ НА БРАНА ВО БРАЗИЛВластите велат дека се мали шансите некој да биде пронајден жив (Фото: АП)

    Околу 200 луѓе се водат како исчезнати откако пукна брана на рудникот за железна руда во близина на градот Брумадињо во југоисточен Бразил.

    Море од кал затрупа локален ресторан каде што во тој момент ручале работниците од најголемата бразилска рударска компанија „Вејл“ и гувернерот на државата Минаш Жераиш изјави дека се мали шансите некој да биде пронајден жив. Досега се пронајдени девет тела.

    Нејасно е што предизвикало пукање на браната, која ги задржува огромните количества отпад од рудникот. Во моментот на несреќата, околу 300 работници биле на работа и стотина од нив се на безбедно.

    „Најголемиот број од жртвите се наши работници. Ресторанот бил затрупан со кал токму за време на ручекот“, изјави извршниот директор на „Вејл“, Фабио Швартсман.

    Калта затрупа и локални фарми и заедница во којашто престојувал голем дел од работниците. Пожарникарите велат дека вкупниот број исчезнати би можел да биде и 300.

    „Шансите за преживување се минимални. Веројатно отсега ќе наоѓаме само тела“, кажа гувернерот Ромеу Зема.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира