НАД 200 УАПСЕНИ ВО ПРОТЕСТИТЕ НИЗ РУСИЈА ЗА 65. РОДЕНДЕН НА ПУТИН

    НАД 200 УАПСЕНИ ВО ПРОТЕСТИТЕ НИЗ РУСИЈА ЗА 65. РОДЕНДЕН НА ПУТИНПолицијата приведува демонстрант во Санкт Петербург (Фото: АП)

    Полицијата уапсила повеќе од 200 опозициски активисти за време на протестите во саботата во 27 руски градови, јавија агенциите, повикувајќи се на податоци од набљудувачки групи на невладини организации.

    Протестите беа организирани на повик на опозицискиот лидер Алексеј  Навални да се совпаднат со 65. роденден на претседателот Владимир Путин. Навални во моментов отслужува казна 20-дневен затвор поради нарушување на правилата за јавни собири.

    Околу 2.000 луѓе се собрале на централниот московски плоштад Пушкин извикувајќи „Русија ќе биде слободна“ и „Русија без Путин“. Таму полицијата не реагирала додека демонстрантите не тргнале кон Кремљ и зградата на Парламентот.

    Само во Санкт Петербург, родниот град на Путин биле приведени 66 луѓе кога демонстрантите се обиделе да го блокираат сообраќајот.  Еден од приведените носел постер на Путин како седи врз планина од банкноти со круна на главата, а под сликата пишувало: „Среќен ти роденден арамијо“. Други демонстранти носеле транспаренти на кои се повикуваат на правото да протестираат, некои вееле руски знамиња, а некои на протестот излегле со жолти патки на надувување, зафркавајќи го премиерот Димитри Медведев кој имал имот со живеалиште за патки.

    Протестите беа организирани како поддршка на опозицискиот лидер Алексеј Навални кому руската власт не му дава да се кандидира за претседател на следните избори што треба да се одржат во март в година. Путин, кој е во врвот на руската власт 18 години најверојатно повторно ќе се кандидира за претседател.

    Агенцијата АП објави дека на овие протести имало помалку приведувања отколку на претходните протсети на кои учествувал и самиот Навални, кога полицијата приведувала и по 1.000 демонстранти.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира