НАД 30 ТУРСКИ ВОЈНИЦИ УБИЕНИ ВО ВОЗДУШЕН НАПАД ВО СИРИЈА

    НАД 30 ТУРСКИ ВОЈНИЦИ УБИЕНИ ВО ВОЗДУШЕН НАПАД ВО СИРИЈАНападот се случи во Идлиб, последната провинција во Сирија што ја контролираат сириските бунтовници (Фото: АФП)

    Најмалку 33 турски војници се убиени во воздушен напад на сириските режимски сили во северозападна Сирија, потврдија турски официјални лица.

    „Има и повредени“, кажа гувернерот на турската провинција Хатај, Рами Доган.

    Други извори велат дека бројот на жртвите е и поголем.

    Сириските сили поддржани од Русија се обидуваат да го преземат Идлиб од бунтовниците, кои ја имаат поддршката на Турција. Сириските власти досега се немаат огласено за последната ескалација на ситуацијата во Идлиб, последната провинција во Сирија што ја контролираат бунтовниците.

    Турските сили почнале да напаѓаат сириски цели по синоќешниот итен состанок на претседателот Ердоган со врвот на армијата, што од границата било надгледувано лично од министерот за одбрана Хулуши Акар.

    Ердоган претходно побара од сириските владини сили да се повлечат од позициите на кои Турција распореди свои контролни точки, што беше одбиено од Дамаск и Русија.

    Според Сириската опсерваторија за човекови права, 34 турски војници биле убиени во вчерашниот воздушен напад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира