НАД 30 УКРАИНСКИ ЦИВИЛИ ЗАГИНАА ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД ДОДЕКА ЧЕКАА ДА СЕ ЕВАКУИРААТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО КРАМАТОРСК

    НАД 30 УКРАИНСКИ ЦИВИЛИ ЗАГИНАА ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД ДОДЕКА ЧЕКАА ДА СЕ ЕВАКУИРААТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО КРАМАТОРСКЦивили снимени на железничката станица во Краматорск на 6 април (Фото: Гети)

    Над 30 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени во руски ракетен напад на железничка станица во источна Украина, додека цивилите се обидуваа да заминат во побезбедни делови од земјата, соопшти државната железничка компанија. Оттаму велат дека две руски ракети ја погодиле станицата во градот Краматорск, која се користеше за евакуација на цивили од источна Украина.

    „Две ракети ја погодија железничката станица. Според првичните информации, загинаа најмалку 30 луѓе, а повеќе од 100 се ранети“, соопшти украинската железница.

    Гувернерот на регионот Доњецк, Павло Кириленко, изјави дека во моментот на нападот на станицата имало илјадници луѓе.

    „Руските фашисти многу добро знаеја што гаѓаат и што сакаа да постигнат“, кажа Кириленко.

    Украинските власти пред неколку дена ги повикаа цивилите да ги напуштат регионите Доњецк и Луганск во очекување на голема руска офанзива на источна Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира